Балкан

Голем пожар избувна во Јажинце – затворен патот кон граничниот премин

Противпожарните екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.

Oktaj Omeragikj  | 15.08.2025 - Обновена : 15.08.2025
Голем пожар избувна во Јажинце – затворен патот кон граничниот премин Центарот за управување со кризи

СКОПЈЕ (АА) - Голем пожар го зафати подрачјето на Јажинце, што предизвика затворање на патниот правец кон граничниот премин, известува Анадолу.

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, и командантот на Бригадата од самото место ги координираат активностите за спречување на понатамошното ширење на пожарот што избувна во Јажинце.

Противпожарните екипи од Тетово и две специјализирани возила на Дирекцијата за заштита се на терен и работат на заштита на имотите од огнот.

Во гаснењето на пожарот ќе учествуваат авион „Ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување и хеликоптер на МВР.

Поради пожарот што го зафати подрачјето, затворен е патниот правец кон граничниот премин Јажинце (со Косово) до понатамошно известување.

Државните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат ова подрачје и да ги ослободат патиштата за возилата на службите за итна интервенција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.