Балкан

Голем број пожари регистрирани низ БиХ: Во гаснењето во Мостар учествуваше „Ер трактор“

Според извештајот на Федералната администрација за цивилна заштита, од вчера се регистрирани голем број пожари, а во Мостар е распореден и „Ер трактор“

Elvır Hodzıc  | 15.08.2025 - Обновена : 16.08.2025
Голем број пожари регистрирани низ БиХ: Во гаснењето во Мостар учествуваше „Ер трактор“

САРАЕВО (АА) - Високите температури и сушните временски услови предизвикаа голем број пожари низ Босна и Херцеговина (БиХ), а најкритична е состојбата во Херцеговина, јавува Анадолу.

Според извештајот на Федералната администрација за цивилна заштита, од вчера се регистрирани голем број пожари, а во Мостар е распореден и „Ер трактор“.

Противпожарните служби на градот Мостар гаснеа пожари во Слипчиќи и Миљковиќи, каде што гореше трева и ниска вегетација.

Во Чапљина, пожар е регистриран во местото Чељево, додека пожарникарите во Цазин гаснеле пожари на две локации.

На подрачјето на Унско-санскиот Кантон, пожар избувнал и во Велика Кладуша, во Мрцељи, каде што горела трева.

Пожари се регистрирани и во Живинице, Какањ, Бусовача, Доњи Вакуф и Груде.

Надлежните служби апелираат до граѓаните да бидат максимално внимателни и да не палат оган на отворено.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın