Генералниот секретар на НАТО, Руте се сретна со премиерот Мицкоски
- „Средбата претставува потврда за силното партнерство и заемната доверба, како и за нашата решеност да продолжиме да делуваме како кредибилен и одговорен сојузник во рамките на НАТО.“ изјави Христијан Мицкоски
СКОПЈЕ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во рамките на посетата на Северна Македонија се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, јавува Анадолу.
„Во духот на сојузништвото и заедничките вредности, разговаравме за актуелните безбедносни предизвици, улогата на Алијансата во зачувувањето на стабилноста и мирот, како и за придонесот на нашата држава во рамките на колективната одбрана.“ напиша Мицкоски во неговата објава на американската платформа за социјални медиуми X во врска со средбата.
Мицкоски кажа дека на средбата ја реафирмираше цврста определба на земјата за понатамошно јакнење на соработката со НАТО и активен придонес кон регионалната и глобалната безбедност.
„Средбата претставува потврда за силното партнерство и заемната доверба, како и за нашата решеност да продолжиме да делуваме како кредибилен и одговорен сојузник во рамките на НАТО.“ изјави Мицкоски.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
