Балкан

Вработените во РТК протестираат пред Владата на Косово поради неисплатени плати

- Десетици вработени се собраа пред Владата и блиску до Собранието на Косово со транспаренти со различни пораки, како „Новинар без плата - демократија без глас“, „РТК не молчи дури и во темнина“, „Не гаснете ни го јавниот глас“ и други

Agim Sulaj  | 06.08.2025 - Обновена : 07.08.2025
Вработените во РТК протестираат пред Владата на Косово поради неисплатени плати

ПРИШТИНА (АА) - Вработените во Радио-телевизија Косово (РТК) протестираа пред зградата на Владата на Косово бидејќи од буџетот не се распределени средства за РТК и не им се исплатени платите на 700 вработени во овој државен медиум, јавува Анадолу.

Десетици вработени се собраа пред Владата и блиску до Собранието на Косово со транспаренти со различни пораки, како „Новинар без плата - демократија без глас“, „РТК не молчи дури и во темнина“, „Не гаснете ни го јавниот глас“ и други.

Претседателот на Синдикатот на РТК, Гезим Бимбаши, изјави дека РТК, како единствен јавен телевизиски сервис во земјата, заслужува соодветен институционален третман.

„Денес сме собрани овде бидејќи 5. август помина, а вработените во РТК сѐ уште не ги добија своите плати. Буџетот на РТК не е доделен, што претставува директно прекршување на Законот за работни односи и удар врз достоинството на стотици вработени во оваа институција“, истакна Бимбаши.

Тој, исто така, рече дека бараат зголемување на буџетот на РТК за 2026 година и зголемување на платите на вработените.

Од друга страна, претседателот на Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК), Џемајл Реџа, кој присуствуваше на протестот во поддршка на вработените на РТК, рече дека АГК стои цврсто во поддршката на вработените на РТК.

„АГК верува дека оваа криза можеше да се избегне. За жал, остана само еден дел од политичката волја буџетот да се додели. Имаме преседани во минатото и повикот на АГК е исклучително кон Владата на Косово, во чии раце е доделувањето на буџетот на РТК за следните шест месеци“, истакна Реџа.

Вработените во РТК се соочуваат да останат без плата за јули, а и функционирањето на јавниот сервис е во прашање поради бидејќи не е конституирано Собранието на Косово и не е формирана парламентарната Комисија за буџетот.

Демонстрантите не исклучија можност да стапат во штрајк и да го бојкотираат следењето на политички настани, а протестот може да се премести и пред просториите на РТК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.