Во Србија се преврти чамец со 11 лица, според неофицијални информации има жртви
Во чамецот на реката Дунав се наоѓале десетмина кинески државјани и еден државјанин на Србија, за кој се претпоставува дека управувал со чамецот

БЕЛГРАД (АА) - На потегот меѓу хрватското село Сотин и Бачко Ново Село и Плавна, во Општина Бач, на западниот дел на Србија, синоќа се преврти чамец во кој се наоѓале 11 лица, а според првите неофицијални информации, има жртви, јавува Анадолу.
Во чамецот на реката Дунав се наоѓале десетмина кинески државјани и еден државјанин на Србија, за кој се претпоставува дека управувал со чамецот.
На терен се присутни полициски патроли, екипи на брза помош и единици на граничната служба на Србија и Хрватска, а неофицијално се трага по уште три лица, објави Танјуг.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.