Балкан

Во лавина во словенечките Алпи загинаа тројца хрватски алпинисти

Тројцата алпинисти беа дел од седумчлена хрватска група, од кои четворица успеаја да ја избегнат лавината и да ги известат спасувачите.

İlayda Çakırtekin  | 06.10.2025 - Обновена : 06.10.2025
Во лавина во словенечките Алпи загинаа тројца хрватски алпинисти

ИСТАНБУЛ (АА) - Тројца хрватски алпинисти денес се пронајдени мртви, откако се водеа за исчезнати кога лавина ја погоди планината Тоск на Јулиските Алпи во Словенија, јавува Анадолу.

Телото на еден алпинист беше пронајдено вчера попладне за време на спасувачка операција во која учествуваа повеќе од 60 спасувачи, додека другите двајца беа пронајдени рано утринава.

Тројцата алпинисти беа дел од седумчлена хрватска група, од кои четворица успеаја да ја избегнат лавината и да ги известат спасувачите.

„Благодарни сме на Словенечката планинска служба за спасување (GRZS), полицијата и сите служби за итни случаи за нивниот ангажман и активностите што ги спроведуваат. Хрватска понуди помош во понатамошното пребарување и спасување на исчезнатите граѓани“, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ преку американската компанија за социјални медиуми X.

Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изрази сочувство до семејствата, роднините и пријателите на тројцата планинари кои ги загубија животите во Јулиските Алпи.

„Тоа е голема трагедија. Тројца млади луѓе во еден ден. Знаеме дека во групата биле седум алпинисти. Четворица се на безбедно, не се во никаква опасност. Меѓутоа, овие вести од вчера и од денес, дополнително нѐ потресоа“, рече тој.

Тој им се заблагодари на сите словенечки служби, на министерот Поклукар, на Словенечката планинска служба за спасување, на станицата во Бохињ, но и во Јесенице.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.