Смртно застрелан судија на Апелациониот суд во Тирана
Судијата Астрит Калаја, е застрелан во просториите на судот од 30-годишник со иницијали Е. Ш., соопшти полицијата

ТИРАНА (АА) - Судија на Апелациониот суд во Тирана, Албанија, го загуби животот откако беше застрелан со огнено оружје, по што сторителот е уапсен, јавува Анадолу.
Судијата Астрит Калаја, е застрелан во просториите на судот од 30-годишник со иницијали Е. Ш., соопшти полицијата. Тој починал на пат кон болница.
Во инцидентот повредени се уште двајца граѓани, кои според полицијата се надвор од животна опасност.
„Во просториите на Апелациониот суд во Тирана, за време на судска постапка, граѓанинот Е. Ш., 30 години (странка во процесот) пукаше со огнено оружје кон судијата А. К., и граѓаните Р. К. (65) и Е. К. (45), неговиот син (другата страна во процесот)“, се вели во полициското соопштение.
Надлежните не дадоа детали за мотивот за оружениот напад. Полицијата објави дека го уапсила сторителот на инцидентот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.