Балкан, Коронавирус

Во Србија забележани 736 несакани реакции од вакцините против коронавирусот

Најмногу несакани реакции има на кинеската вакцина Синофарм, и тоа 263, на Фајзер/ БајоНТех 227, на „Спутник ве“ 137 и 109 несакани реакции на АстраЗенека

Bojana Stojanovic   | 06.04.2021
Во Србија забележани 736 несакани реакции од вакцините против коронавирусот

БЕЛГРАД (АА) - Во Србија досега се регистрирани 736 несакани реакции на сите вакцини против коронавирусот, изјави претставникот на Агенцијата за лекови и медицински средства, Павле Зелиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Тој наведе дека сега, кога околу 1.200.000 граѓани ја примиле втората доза од вакцината, се очекува мерливоста на ефикасноста на вакцината во Србија.

„Меѓу починатите нема лица што се вакцинирани двапати. Студиите од Соединетите Американски Држави (САД), Израел, Велика Британија го покажуваат тоа, ќе се покаже и кај нас дека вакцините делуваат и даваат ефект, и ова ќе заврши во еден момент. Во Америка рекоа за 4 јули, јас би рекол можеби за нашиот најголем празник Видовден, 28 јуни, дека ќе можеме да најдеме некој конечен излез од оваа епидемија“, изјави денес Зелиќ за Радио-телевизија Србија (РТС).

Тој, исто така, рече дека до вчера напладне биле евидентирани вкупно 736 несакани реакции на сите вакцини, а најмногу на кинеската вакцина Синофарм, и тоа 263, на Фајзер/ БајоНТех 227, на „Спутник ве“ 137 и 109 несакани реакции на АстраЗенека. Тој оцени дека тој број е занемарлив во однос на бројот на дадени дози од вакцините.

Како што истакна, имало вкупно пет потешки реакции, а ниту една не барала подолга хоспитализација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.