БиХ: Со коронавирусот досега заразени 4.453 лица, излекувани 2.402
Во Босна и Херцеговина од појавата на епидемијата во земјата потврдени се 186 смртни случаи

САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина (БиХ) со коронавирусот, Ковид-19, досега заразени се 4.453 лица, а извршени се 92.969 тестирања. Потврдени се 186 смртни случаи, а излекувани се 2.402 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во ентитетот Република Српска потврдени се 2.227 случаи на вирусот, а извршени се 36.888 тестирања. Регистрирани се 125 смртни случаи, додека оздравени се 1.330 лица, покажуваат податоците на Министерството за цивилни работи на БиХ за 30 јуни, со пресек во 12 часот.
Во ентитетот Федерација БиХ, потврдени се 2.154 случаи на Ковид-19, а извршени се 54.984 тестирања. Регистрирани се 56 смртни случаи поврзани со Ковид-19, а излекувани се 1.056 лица.
Во Дистриктот Брчко регистрирани се 27 случаи на вирусот, додека спроведени се 1.097 тестирања. Потврдени се пет смртни случаи, а 16 лица се излекувани.