Албанија: Бројот на починати поради Ковид-19 се искачи на 19 лица
Во Албанија се откриени вкупно 333 случаи со Ковид-19, меѓу кои и починатите и 99 излекувани лица

ТИРАНА (АА) - Бројот на починатите од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Албанија се искачи на 19 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се нагласува дека на Инфективната клиника во Тирана почина 84-годишен пациентка од Тирана, заразена со Ковид-19.
„Покрај напорите на лекарите на Инфективната клиника, пациентката не успеа да преживее“, се вели во ова соопштение.
Во Албанија се откриени вкупно 333 случаи со Ковид-19, меѓу кои и починатите и 99 излекувани лица.