архива, Коронавирус

Косово: Од Ковид-19 починаа 9 лица, регистрирани 680 новозаразени

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 77.433 лица. Во моментов во земјата има 14.307 активни случаи

Agim Sulaj  | 04.04.2021 - Обновена : 05.04.2021
Косово: Од Ковид-19 починаа 9 лица, регистрирани 680 новозаразени

ПРИШТИНА (АА) - Во Косово како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во изминатите 24 часа починаа 9 пациенти, со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 1.915, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 680 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 93.655.

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 4.086 тестирање за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 443.122 тестирања.

Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 77.433 лица. Во моментов во земјата има 14.307 активни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.