Анализа на вести

Света земја, нечесно известување

За основните причини за палестинската неволја, вклучувајќи го геноцидот, населеничкиот колонијализам, етничкото чистење и трагедиите на расистичкиот еврејски ултранационализам, ретко се говори во западните мејнстрим медиуми

Dr. Tarek Cherkaoui   | 21.05.2021
Света земја, нечесно известување

Пишува: Д-р Тарек Черкаи

ИСТАНБУЛ (АА) - Известувањето на западните мејнстрим медиуми за израелската војна против Газа во 2021 година ја покажа, уште еднаш, вкоренетата пристрасност во пишувањето за палестинската неволја.

Пред четириесет години, палестинскиот американски научник Едвард Саид се пожали дека [1] американските мејнстрим медиуми генерално го игнорираа извештајот на УНЕСКО, кој ги документира израелските воени злосторства против цивилните цели, вклучувајќи училишта, болници и бегалски кампови.

Не е тајна дека израелските пропагандисти од 1948 година имаа корист од лесно достапниот резервоар на стереотипи на Западот против Арапите и муслиманите. Ориенталистичкиот дискурс [2] во западните редакции е користен за оправдување [3] на западниот империјализам. Во случајот на Израел, тој е користен за потврдување на неговата населеничка колонијална политика и трајна агресија над Палестинците.

Поранешниот израелски дипломат Илан Баруч тврди дека Израел доминирал со наративот на западните медиуми во текот на 73-годишниот судир.

„Израел сјајно успеа да понуди нарација на западната хемисфера која е прифатена со малку или ниту малку објективни пресуди“, рече Баруч [4].

Во тој контекст, известувањето на мејнстрим медиумите за четвртата израелска војна против Газа и понатаму страда од сериозни замки, како масакрирање, јазични манипулации и цензури.

„Белењето (варосувањето)“ на израелските воени злосторства и погребувањето на спорните проблеми е вообичаен метод на спин докторите. Во индустријата на односите со јавноста [5] се нарекува „маскирање“ и вклучува деконтекстуализација, избегнување вина и други одбранбени тактики.

Западните медиуми обично ги прикажуваат најновите израелски напади како деконтекстуализирани снимки. Како што тврди политикологот Шанто Ијенгар [6], медиумите тактиката на поставување на „контекст без контекст“ главно ја користат за да ја спречат публиката да ги поврзе точките. Во согласност со тоа, гледачите нема да ги сфатат основните причини на судирот, додека таквото известување го ослободува агресорот од каква било одговорност.

На пример, „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) во изданието од 14 мај тврди [7] дека „пресметувањето помеѓу Палестинците и израелската полиција во спорниот град Кудс прераснаа во поширок судир, при што Израел ја гаѓаше Газа како одговор на ракетите кои ги лансираа палестинските милитанти“.

Оваа лажна еквиваленција пренесува лажен наратив дека Израел дејствува во самоодбрана. Го прескокнува главниот факт, а тоа е дека ова не е судир помеѓу еднаквите. Израел не дејствува за да се заштити; ова е агресија на хипервооружена држава со најфин арсенал на западно оружје, вклучувајќи најсмртоносни борбени авиони, хеликоптери, тенкови, артилерија, разорувачки и шпионска технологија. Таквата израелска армија се соочува со лесно вооружен отпор кој дејствува среде најгусто населените подрачја на земја, блокирана од сите правци.

На сличен начин, „Вашингтон пост“ (Washington Post) во своето издание [8] од 15 мај го даде следниот наслов: „Израелските сили ги погодуваат тунелите на Хамас во Газа додека се наѕира војната; паѓа дожд од ракети“. Меѓутоа, овој наслов сокрива дека израелските авиони Ф-16 среде ноќ погодиле палестински семејства во нивните домови, а не во тунели. Самиот текст е школски пример како се изземаат битни елементи од приказната. Всушност, сликите кои ја пренесуваат палестинската човечка димензија, стравот, загубата и разорувањето се намерно прикриени.

Втора голема заседа во западните мејнстрим вести е манипулацијата со јазикот. Западните уредници во разни пригоди посегнуваа за еуфемизми и друга акробатска семантика за да го ублажат влијанието на зборовите врз публиката.

На пример, во текстот [9] објавен на 7 мај, „Њујорк тајмс“ (The New York Times) имаше наслов: „Деложациите во Кудс стануваат фокус на израелско-палестинскиот судир“. Во следниот дел е напишано: „Напорот да се деложираат шест арапски семејства од оспорената населба го сврте вниманието на напорите на Израел да ги отстрани Палестинците од деловите на Источен Кудс и доведе до протести“. Доколку уредниците се непристрасни, не би го користеле зборот „деложации“. Како што сликовито покажа палестинскиот активист Мухамед ел Курд во интервјуто за „Си-ен-ен“ (CNN) , редакциите наместо тоа би морале да го користат терминот „присилно етничко раселување“.

„Иселување“ подразбира спроведување на законските одредби во корист на легитимните сопственици на земјиштето. Во овој случај, ултранационалистичките расистички населеници не се легитимни сопственици на станот; тие се нелегитимни узурпатори. Всушност, ова не е „оспорена населба“, бидејќи овие семејства етнички се раселени од своите домови. Ова не беше „напор“. Тоа беше злосторство кое државата го одобри.

Третиот главен недостаток кој спречува вистинито прикажување на настаните е цензурата. Колку и да звучи незамисливо, цензурата се применува директно и индиректно. Пример, германскиот јавен сервис „Дојче веле“ (DW) зажали [11] што емитуваше интервју за Газа со палестинско-американскиот новинар Али Абунимах и го отстрани тоа интервју. Тоа го направија откако Абунимах ја повика Германија и Европската Унија да престанат да му продаваат оружје на Израел во светло на актуелната агресија на Газа.

Одбивањето на постапките кои ја објаснуваат палестинската позиција е повторена тактика на цензурата. Истражувачот Далија ал Масри го изнесе [12] искуството на многумина пропалестински академици во Канада, чии текстови се игнорирани или отфрлени од водечките медиуми како што се „Си-би-ес“ (CBS), „Торонто стар“ (Toronto Star) и „Глоуб енд меил“ (The Globe and Mail). Во меѓувреме, неколку личности, вклучувајќи и медиумски личности, објавија отворено писмо во кое го критикуваат [13] известувањето на канадските медиуми за израелските напади врз Палестинците.

Израелското разорување [14] на деловните згради во Газа, во кои се наоѓаа повеќе од десетина меѓународни и локални медиуми, исто така не е случајно. Тоа е отворен чин на цензура и заплашување. Исто така, се одвива истовремено со соучесништво на организациите на социјалните медиуми [15] кои отстрануваат содржини [16] со стотици пропалестински профили. Целта е да се замолчат гласовите на опозицијата и да се понуди еднодимензионално произраелско известување.

Седумдесет и три години по Накба, која одбележа воспоставување на Израел на 15 мај 1948 година, по бруталната кампања на етничко чистење, има малку референци за суштински прашања. За основните причини за палестинската неволја, вклучувајќи го и геноцидот, населеничкиот колонијализам, етничкото чистење и трагедиите на расистичко-еврејскиот ултранационализам, ретко се говори во западните мејнстрим медиуми. Наместо тоа, имаат тенденција да ги санираат израелските злодела, лажно го пренесуваат впечатокот на самоодбрана и го оправдуваат хаосот кој се случува врз невините палестински цивили.

- Авторот е менаџер на Светскиот истражувачки центар на ТРТ, автор е на „Вести во војна: Судир на западните и арапските мрежи на Блискиот Исток” и експерт во областа на стратешките комуникации

*Мислењата изразени во овој текст се авторски и не ја одразуваат нужно уредувачката политика на Агенција Анадолија (АА)



​​​​​​​[1] https://www.jstor.org/stable/2536688?seq=1#metadata_info_tab_contents

[2] https://onlinelibrary.wiley.com/doi/abs/10.1002/9781118841570.iejs0038

[3] https://www-tandfonline-com.ezproxy.uwe.ac.uk/doi/abs/10.1080/0143659032000105768

[4] https://www.aljazeera.com/features/2019/3/17/why-the-media-fails-to-cover-palestine-with-accuracy-and-empathy

[5] https://www.amazon.com/Accounts-Excuses-Apologies-Restoration-Communication/dp/0791421864

[6] https://press.uchicago.edu/ucp/books/book/chicago/I/bo3684515.html

[7] https://www.wsj.com/articles/israeli-palestinian-conflict-gaza-11620825247

[8] https://www.washingtonpost.com/world/2021/05/14/israel-gaza-conflict-latest-updates

[9] https://www.nytimes.com/2021/05/07/world/middleeast/evictions-jerusalem-israeli-palestinian-conflict-protest.html

[10] https://twitter.com/OmarMouallem/status/1392084879702040578

[11] https://electronicintifada.net/blogs/ali-abunimah/watch-german-tv-regrets-airing-interview-about-gaza

[12] https://www.canadaland.com/podcast/309-the-truth-about-media-coverage-of-israel/

[13] https://www.algemeiner.com/2021/05/16/open-letter-signed-by-major-media-figures-denounces-canadian-news-coverage-as-skewed-towards-israel/

[14] https://cpj.org/2021/05/israeli-air-strikes-destroy-buildings-housing-more-than-a-dozen-media-outlets-in-gaza/

[15] https://www.israelnationalnews.com/News/News.aspx/306224

[16] https://www.trtworld.com/magazine/big-tech-s-complicity-in-censoring-palestinians-46684

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın