АНАЛИЗА - НАТО во ќор-сокак во војната помеѓу Украина и Русија
НАТО треба да оди подалеку од само зголемување на неговата воена способност и капацитет и треба да преземе политички и дипломатски иницијативи

Пишува: Професор д-р Тарик Огузлу
- Авторот е научен советник при Институтот за надворешна политика со седиште во Анкара, главниот град на Турција
ИСТАНБУЛ (АА) - Колку што е важно да се разберат факторите зад одлуката на Русија за инвазија на Украина и прашањето дали отпорот на Украина во самоодбраната е одржлив, еднакво важно е да се анализираат и ставовите на западните актери против оваа инвазија. Од тоа зависи тестирањето на кредибилитетот и континуитетот на НАТО, западната безбедносна организација во годините кои следуваат. На Самитот на НАТО кој ќе се одржи во Мадрид во јуни, ќе се утврди нов стратешки концепт кој ќе ја обликува следната деценија на Алијансата.
- Дали НАТО се враќа на својата основачка мисија?
Спротивно од предвидувањата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека „НАТО станува мозочно мртов“ во декември 2019 година, се чини дека руската инвазија на Украина го оживеа НАТО. Несомнено, оваа преродба има различни елементи. Покрај некои основни разлики во мислењето помеѓу членките, идејата дека НАТО во моментот е основна одбранбена организација на трансатлантскиот свет и дека либералниот меѓународен поредок заснован на правила ќе зависи од безбедносните гаранции на НАТО, доколку има некакви шанси за опстанок, стана посилна. Сега е пошироко прифатено дека воените и институционалните капацитети треба да бидат ажурирани и подобрени за да се борат против денешните безбедносни закани.
Вреди да се забележи дека, како знак на политичка волја, европските сојузници, особено Германија, се обврзаа да потрошат повеќе пари на одбраната. Покрај тоа, треба внимателно да се забележи дека бројот на американски војници во Европа и бројот на воените групи распоредени во земјите членки на НАТО кои се соседи со Русија се зголеми. Исто така е важно што земјите како што се Финска и Шведска, кои водат политика на неутралност, ја почувствуваа заканата од рускиот експанзионизам и почнаа сериозно да ја разгледуваат опцијата да станат членки на НАТО. Со перцепцијата дека Русија не претставува закана само за Европа туку исто така и на либералниот поредок заснован на правила на глобално ниво, верувањето дека Западот треба да одвои повеќе ресурси за својата безбедност за да го заштити својот идентитет, вредности и норми, стана многу силно во последните два месеци.
Додека сведочиме на будењето на европските членки на НАТО од нивната геополитичка хибернација, НАТО се враќа на речиси својата основачка мисија.
Настрана од кршењето на територијалниот интегритет на независната и суверена Украина со брутална сила, заканата што произлегува од Русија значи дека Кантовите вредности и норми на кои се заснова европската безбедносна архитектура се јасно ставени во опасност. Во случај Русија да успее, се чини сигурно дека принципите и вредностите на Хобс ќе станат посилни во светската политика.
- Членките на НАТО се претпазливи -
Ако во центарот на меѓународните односи се стави прецизирањето на поредокот во кој наместо правна држава ќе преовладува правото на претпоставените само затоа што тоа се прецизира пореално, нашиот свет во иднина ќе го чекаат само конфликти и превирања. Се чини дека членките на НАТО се внимателни во земањето претпазлив став кон руската агресија. Покрај напорите на Украина, факт е дека НАТО се воздржува од испраќање тенкови и воени авиони во Украина и се обидува да обезбеди воена поддршка преку логистика и странични елементи на поддршка. Многу е важно руско-украинската војна да не ескалира дополнително и директно да не се претвори во војна помеѓу НАТО и Русија.
На крајот на краиштата, Украина не е членка на НАТО, а помошта која ја доставија членките на НАТО во Украина и политичките и економски санкции кои ги воведоа на Русија веќе го сменија текот на војната. Иако досегашната поддршка на НАТО е важна во неуспехот на Русија да ги постигне своите воени цели и во зголемувањето на одбранбениот отпор на Украина, ситуацијата не изгледа доволна за Украина. Украинскиот претседател Владимир Зеленски ги употребува сите можности кои ги наоѓа во целост и се обидува да го вклучи НАТО во војната.
На состаноците со лидерите на многу земји кои се членки на НАТО и со оние кои не се членки на НАТО и во говорите што ги упатува до парламентарците на тие земји, украинскиот претседател ја опишува борбата на неговата земја не само како заштита на неговата земја од руските напади, туку, исто така, и како обид да ги направи либералните вредности и либералниот меѓународен поредок заснован на правила остварливи од поширока перспектива. Зеленски, кој ги искористи интервенциите, кои наликуваат на масакр од руската војска во регионите како Буча за да добие повеќе поддршка, беше успешен во привлекувањето на јавното мислење на Западот на негова страна.
- Тековните резултати на војната -
Заживувањето на НАТО, давањето поддршка на тврдењата на САД дека „се одвива втора Студена војна“ преку идеолошките грешки, со што ќе биде очигледна суштинската позиција на САД во одбраната на западните земји, насочувајќи ја Европската Унија да троши повеќе пари на сопствената одбрана, создавање крвна одмазда помеѓу руските и украинските народи и правењето на украинскиот национализам полегитимен, потпомагањето поствоена Украина повеќе да се приближи кон Западот наместо да се оддалечи, се меѓу најважните резултати од инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина.
Иако би бил порационален изборот за европските членки на НАТО, кои се во голема мерка зависни од Русија во однос на нафтата, природниот гас и житните производи, да сакаат војната да заврши што поскоро, ставот што НАТО го зазеде досега покажува дека руската инвазија на Украина не се гледа само од рационална перспектива на пресметка на загубата на профит. Да беше поинаку, НАТО требаше значително да придонесе во процесот на дипломатско решение меѓу страните, да ја охрабри Украина во тој поглед, па дури и сам да ги претстави можните планови за решение.
- НАТО е во тешка ситуација -
НАТО се наоѓа во дилема. Додека НАТО се обидува да ја избалансира воената помош што ѝ ја нуди на Украина за војната да не ескалира дополнително и светот да не биде фрлен во оган како целина, од друга страна, се обидува да го зголеми отпорот на Украина за Русија да не извојува решавачка победа. Го видовме последниот пример од ова во одлуките донесени од министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на состанокот во Брисел од 6-7 април. Последица на оваа ситуација е што војната дополнително се пролонгира и безброј невини луѓе ги губат животите во овој процес. Поддршката дадена на Украина е доволна за да се одржи лекција на Русија, но не е доволна за да се сврти текот на војната и да се промени конечниот резултат од војната во корист на Украина.
Гледајќи ја можноста Русија да употреби нуклеарно оружје, дури и на тактичко ниво, НАТО, кое се воздржува, можеби го зголемува апетитот на Русија иако не сака. Добивајќи ја идејата дека „НАТО нема да оди понатаму“, Путин уште повеќе го ескалира насилството за да излезе од војната непоразен. Ова е целосен ќор-сокак.
Ако НАТО сака да се смета како институција за спречување на можни страшни сценарија, да спречи да им се наметне уште поголема штета на рускиот и украинскиот народ, да има одржлив однос со Русија и отсега па натаму, пред сѐ, да биде гледана како организација која спроведува меѓународен мир и стабилност, треба да оди подалеку од само зголемување на нејзината воена способност и капацитет и да преземе политички и дипломатски иницијативи со визионерска перспектива за да се стави крај на војната што е можно поскоро. Криењето зад Украина и потпирањето единствено на воената помош и очекувањата дека Русија ќе се истроши, нема да донесе ништо за НАТО на среден и на долг рок. На светот му треба инклузивна безбедност, а не трајна поларизација и блокирање. НАТО има голема одговорност во тој поглед и неговите членки треба да го видат тоа и да постапат соодветно.
* Мислењата изнесени во овој текст припаѓаат исклучиво на авторот и нужно не ја одразуваат уредувачката политика на Агенција Анадолија (АА)