Турција, Џамал Кашоги

Турција: Експертот на ОН се состана со владин советник во врска со случајот „Кашоги“

Меѓународната истрага се води под овластување на Каламард и дека таа ќе ги разгледа и оцени, од аспект на човековите права, околностите за убиството на Кашоги

Ali Murat Alhas  | 01.02.2019 - Обновена : 01.02.2019
Турција: Експертот на ОН се состана со владин советник во врска со случајот „Кашоги“

Ankara

АНКАРА(АА) - Специјалната известувачка на Обединетите нации (ОН) за вонсудски погубувања, Агнес Каламард, денес во Анкара се состана со советникот на турската владејачка Партија за правда и развој (АК Партија), Јасин Актај, во врска со убиениот саудиски новинар Џамал Кашоги, јавува Anadolu Agency (AA).

Состанокот на специјалниот експерт на ОН со владиниот советник траше еден час и триесет минути.

Каламард и нејзината делегација завршија со состаноците во Истанбул вчера и отпатуваа во Анкара за да се состанат со владините претставници и претставниците на разузнавачката служба.

Каламард ќе остане во Турција до 2 февруари.

Од Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН минатата недела е соопштено дека меѓународната истрага ќе се води под овластување на Каламард и дека таа ќе ги разгледа и оцени, од аспект на човековите права, околностите за убиството на Кашоги.

Каламард во посетата ја придружуваат британската адвокатка Елена Кенеди, поранешниот претседател на Светската академија за судска медицина и директор на Факултетот за медицина на „Коимбра“, д-р Дуарте Нуно Вијера.

Делегацијата на ОН вчера спроведе испитувања околу саудискиот Генерален конзулат во Истанбул, а потоа разговараше со Ирфан Фидан, главниот јавен обвинител на градот Истанбул.

Каламард ќе ги достави своите наоди и препораки за истрагата за убиството во извештај на седницата на Советот за човекови права на ОН закажана за јуни.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.