свет, Џамал Кашоги

Кашоги избран за Личност на годината на списанието „Тајм“

„Разгледувајќи го изборот, ни стана јасно дека манипулацијата и злоупотребата на вистината е заедничка нишка во многу од главните приказни оваа година, од Русија преку Ријад до Силиконската Долина“

Michael Hernandez  | 11.12.2018 - Обновена : 12.12.2018
Кашоги избран за Личност на годината на списанието „Тајм“

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Убиениот колумнист на „Вашингтон пост“ (The Washington Post), Џамал Кашоги, и група новинари беа заеднички избрани за Личност на годината на списанието „Тајм“ (Time), пренесува Anadolu Agency (AA).

„Разгледувајќи го изборот, ни стана јасно дека манипулацијата и злоупотребата на вистината е заедничка нишка во многу од главните приказни оваа година, од Русија преку Ријад до Силиконската Долина“, рече главниот уредник на „Тајм“, Едвард Фелсентал, при објавувањето на одлуката на утринската програма „Today“.

„Избравме да истакнеме четворица поединци и една група, кои презедоа голем ризик во потрагата по големите вистини, почнувајќи од Џамал Кашоги“, додаде тој.

Кашоги, кој беше убиен од страна на саудиските агенти во саудискиот Конзулат во Истанбул, беше избран за Лице на годината, заедно со филипинската новинарка Марија Риса, новинарите на „Ројтерс“ (Reuters), Кјау Сое Оо и Ва Лоун, и дневните весници „Мериленд њуспејперс“ (Maryland newspapers) и „Капитал газета“ (Capital Gazette).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın