Cansu Dikme
28 Април 2017•Ажурирај: 28 Април 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, на 2. мај ќе се врати во владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), изјави денес турскиот премиер Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
По усвојувањето на уставните промени на референдумот што се одржа на 16. април, на претседателот ќе му биде дозволено да се врати во партијата каде што е соосновач.
„Ќе одржиме состанок на групата во седиштето на партијата на 2 мај“, изјави Јилдирим во јужниот град Анталија, по петочната молитва на муслиманите. „Членството во партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе биде активирано на овој состанок“.
Турскиот претседател Ердоган 13 години ја водеше АК Партијата, од 2001 година, но се повлече откако стана претседател на Турција во август 2014 година. Референдумот го смени законот, со што му се дозволува на претседателот да биде член на политичка партија.
Јилдирим додаде дека АК Партијата ќе одржи вонреден конгрес на 21 мај, каде што се очекува Ердоган да го замени Јилдирим како лидер на партијата.