Mümin Altaş
09 Ноември 2017•Ажурирај: 10 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер, Бинали Јилдирим, кој престојува во официјална посета на САД, за време на состанокот со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во Вашингтон го повтори барањето водачот на терористичката организација ФЕТО да биде уапсен и испорачан на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со Пенс, одговорајќи на прашањата на новинарите во авионот за време на летот кон Њујорк, Јилдирим истакна дека во текот на средбата со американскиот претставник зборувале и за неодамнешната криза во врска со визите меѓу двете земји.
„Очекуваме по овој момент нашите меѓусебни односи да се вратат на претходното ниво. Се уверив дека постои волја со заемна доверба и искреност да се поправат односите. Со време ќе се увериме и во напредокот. Ќе следиме што се случува на тој план“, изјави Јилдирим.
Тој нагласи дека состанокот со потпретседателот на САД бил многу продуктивен.
„Меѓусебно ги изнесовме нашите проблеми отворено. Разговаравме за билатералните прашања но и за регионалните теми“, изјави турскиот премиер.
Тој истакна дека во Вашингтон е договорено да биде продолжен меѓусебниот дијалог меѓу Турција и САД.
„Договоривме да го продолжиме меѓусебниот дијалог и кога ќе биде потребно да дејствуваме во истиот момент и да водиме разговори дури и 24 часа. Ќе имаме отворени телефонски линии“, изјави Јилдирим.
Тој на средбата истакнал дека Турција од САД очекува поголема поддршка во рамките на борбата против терористичката организација ПКК.
„Нагласив дека од САД очекуваме поголема поддршка во рамките на борбата против ПКК. И за прашањето за ЈПГ разговаравме многу отворено. Во тој контекст порачавме: 'ДЕАШ е готов, престанете со тоа партнерство'. Тие ни донесоа многу непријатности, откажете се од тоа присилно партнерство. Тоа оружје оди во рацете на ДЕАШ“, изјави Јилдирим потсетувајќи на поддршката на САД на терористичката организација ЈПГ/ПЈД, инаку огранок на ПКК во Сирија.