Ömer Süt
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
ИЗМИР (АА) - Низата судења на обвинетите за минатогодишниот обид за државен удар во Турција е во тек, а на судот во Измир денес сведокот генералот Семих Окјар изјави дека еден од обвинетите на 15 јули минатата година отворено му се заканувал дека утредента ќе биде обесен, јавува Anadolu Agency (AA).
Со сослушувањето на сведоците во Кривичниот суд во Измир продолжено е судењето против вкупно 272 обвинети припадници на терористичката организација ФЕТО за неуспешниот обид за државен удар кој на 15 јули минатата година го извршија во Турција. Првообвинет во тој случај е водачот на терористичката организација, Фетула Ѓулен.
Исказ денес даде командантот на Центарот за команда и обука на жандармеријата во Фоца, генералот Семих Окјар кој за време на минатогодишниот обид за удар бил на место вршител на должноста командант на Жандармеријата во Борнова.
Генералот Окјар се присети дека на 15 јули утрото минатата година со автобус отишол во Бодрум и се сретнал со своето семејство, а дека во вечерните часови на телевизија во една од кафетериите видел дека војниците го блокирале мостот на Босфор и дека авионите летаат ниско над Истанбул.
Тој рече дека видел дека луѓето биле вознемирени и се обидел да дознае за што се работи.
„Околу 22:30 часот ми се јави заменик директорот на полицијата во Измир, Фатих Чанкаја и ми кажа дека се работи за обид за државен удар. Потоа контактирав со потполковникот Булент Ерјилмаз од Командата на жандармеријата во Борнова, а кој сега е обвинет. Ми рече дека и тој се обидува да дознае што се случува и дека го повикал персоналот да се собере во касарната. Му реков да не се јавува на никој и дека доаѓам“, рече генералот Окјар.
На препорака на пријател Окјар поради безбедносни причини семејството го згрижил во куќа на познаници во Бодрум, а потоа разговорите ги продолжил на мобилниот телефон на тој негов пријател бидејќи батеријата на неговиот била испразнета.
„Поранешниот потполковник Ерјилмаз во наредниот разговор ми кажа дека сум предавник и дека наутро ќе бидам обесен. Јас му одговорив дека дури утре ќе видиме кој е предавник и кој ќе биде обесен. Ја прекинав врската и повикав командири подредени на мене и им наредив да не одат во единицата“, изјави Окјар.
Окјар во таа прилика на заменик директорот на полицијата во Измир, Чанкаја, преку WhatsApp му пратил фотографии од сите командири кои се наоѓале во единицата.
„ Наредив оклопните возила и клучевите на муниција да се отстранат на безбедно место. Наредив присутните речиси 150 војници да се повлечат во шумата покрај касарната. Двајцата командири кои беа вмешани во обидот за пуч ги бараа во шумата, а им наредив на војниците да пукаат ако им се приближат“, изјави генералот Окјар.
Пред напуштањето на Бодрум, генералот Окјар телефонски разговараше и со пензиниоринатиот генерал Ата Калкан кој беше во воениот камп во Оздере и го предупреди дека на тоа место не е безбеден.
„Му предложив да го пратам мојот брат да го зрижи на безбедно, а тој ми рече да се грижам за себе, а дека тој е со семејството и дека никаде не оди. Му реков барем да се оддалечи од тоа место и да оди на море. Во 1.10 часот дознав дека е киднапиран и информациите за можните киднапери ги проследив на Чанкаја. Во наредните часови екипата која го киднапираше Калкан се предаде како и поранешниот потполковник Ерјилмаз и мајорот Фатих Сариџај“, изјави Окјар.
По доаѓањето во Измир, генералот Окјар за ситуацијата разговараше со командантот на жандармеријата во Измир, генералот Хасан Кочигит, со кој ја посетил Канцеларијата на гувернерот и командантот на егејската воена област на генералот Абдула Реџеп.
Наредниот ден, генералот Окјар им командуваше на војниците пратени во Мармарис поради апсење на пучистите на ФЕТО кои го извршија неуспешниот обид за атентат врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Судијата го праша генералот Окјар дали обвинетиот Ерјилмаз таа ноќ му кажал дека е во тек воен удар, а тој му рече дека добил директива од Генералштабот за опсадната состојба.
„Ми кажа дека мораме да постапиме по тоа и дека јас морам да дојдам во базата, а тој ја собира единицата. Му кажав дека не може со мене да разговара така и дека не смее да ја собира единицата без мене“, изјави Окјар.