Ercan Canbolat
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работи на Турција реагираше откако Димитрис Куфодинас доби отсуство од затвор на два дена, јавува Anadolu Agency (AA).
Куфодинас е инаку еден од членовите на озлогласената грчка терористичка организација „17.ноември“ која усмрти голем број на лица, вклучувајќи и турски дипломати.
„Не е возможно мирно да се набљудува како терорист, кој усмрти многу дипломати на нашата земја, да искористува вакви затворски правила“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција.
Се додава дека искажувањето на толеранција кон ваквите терористи претставува голема навреда за сите загинати турски дипломати.
Потсетуваме, Куфодинас е казнет на доживотен затвор поради учество во атентати и убиство на неколку турски дипломати во Грција.