Melda Altakhan
08 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Турскиот премиер Бинали Јилдирим денес во Истанбул изјави дека акциите на турските сили во рамките на земјата, во Сирија и на северот од Ирак, имаат само една цел, а тоа е да ја спасат Турција од зло како што е тероризмот, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим присуствуваше на церемонијата на свечено пуштање на бродот во индустриската зона Тузла, недалеку од Истанбул а во таа прилика се осврна и на актуелните случувања во неговата земја.
Јилдирим се осврна на обидот на државниот удар од страна на терористичката организација ФЕТО на 15 јули оваа година и рече дека со него, на Вооружените сили на Република Турција нанесена е штета и нарушен угледот.
„Причината за тоа се членовите на ФЕТО, кои со крвави раце се облекоа во униформи на војници. Секако, нашиот народ е бистар и со здрав разум, за многу кратко време ја сфати разликата помеѓу овие припадници на терористичката организација и војниците кои чесно се борат и ја сакаат својата држава, народот и знамето",рече Јилдирим.
Турскиот премиер се осврна и на глобалната борба против тероризмот, кажувајќи дека неговата земја таа борба решително ја продолжува.
„Турција решително продолжува да ја води борбата против тероризмот, како против ПКК во рамките на земјата, така и против терористичките елементи надвод од земјата како што се ДАЕШ, ЈПГ, ПЈД. 'Штитот на Еуфрат', акциите на истокот и југоистокот на нашата земја, активностите во северниот Ирак, имаат само една цел, а тоа е да ја спасат нашата земја од зло какво што е тероризмот и да ги спречат терористичките активности во соседните земји кои се рефлектираат и на Турција. Во таа смисла, на тоа ќе продолжиме решително да работиме. Непромислените изјави на поединци во врска со тоа, нам воопшто не ни се важни. Она што е битно е безбедноста, единството, заедништвото и мирот во Турција", порача Јилдирим.
Осврнувајќи се на секторот на индустријата за бродоградба во Турција, Јилдирим рече дека Турција, освен што произведува бродови за сопствени потреби, таа е земја која извезува различни видови бродови.
Истакна дека Турција го зголемува процентот на користење на домашното производство кога е во прашање секторот на поморство и додаде дека посебно во одбранбениот сектор овој процент е зголемен од 20 на 60 проценти.
„Турција денес се наоѓа на 14 место, од 30 земји кои контролираат 85 отсто од светската поморска трговија. Секако, тоа е голем успех, но секако не е доволен", рече турскиот премиер.