Özkan Beyer
08 Октомври 2016•Ажурирај: 09 Октомври 2016
ГАЗИАНТЕП (AA) - Деветмесечен шимпанзо во Зоолошката градина во Газиантен во Турција, наречено Џан ќе се најде во реклама која се снима за оваа зоолошка градина, пишува Anadolu Agency (AA).
Зоолошката градина годишно ја посетуваат три милиони домашни и странски туристи. По површина и разноликоста на животните, оваа зоолошка градина е прва во Турција, втора во Европа и четврта во светот.
Деветмесечното шимпанзо стана новата маскота на зоолошката градина. Името Џан го даде градоначалничката на Газиантеп Фатма Сахин, а со младото шимпанзо во зоолошката градина сметаат дека ќе има повеќе посетители.
Во зоолошката градина во Газиантеп има 7.500 животни и 3.500 видови. Во рамките на зоолошката постои и парк за сафари.