Zeynep Akyıl
24 Октомври 2016•Ажурирај: 25 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Вицепремиерот на Турција, Мехмет Шимшек, за Anadolu Agency изјави дека банките во Турција коишто се познати по бескаматното банкарство, од крајот на 2015 досега достигнале активни средства од околу 40 милиони евра.
Учеството на овие банки во банкарскиот сектор изнесува 5,1 отсто, истакна Шимшек и додаде дека според проектот, до 2025 година планираат бескаматните финансии во банкарскиот систем да учествуваат со околу 15 отсто.
- „Турција ќе земе поголем дел од колачот вреден 2 трилиони долари“ -
Вицепремиерот на Турција, Шимшек, рече дека бескаматниот финансиски систем го привлекол вниманието на меѓународната финансиска и развојна заедница и дека очекува во периодот што претстои, тој интерес да се зголеми.
„Според последниот објавен извештај, овој сектор има големина од 2 трилиони долари. Тој покажува потенцијал за раст до 3,5 трилиони долари во наредните 5 години. Забрзано продолжуваме со нашата работа за да бидеме една од земјите со најголемо искористување на овој потенцијал“, рече вицепемиерот Шимшек.
- „Бескаматниот финансиски сектор е атрактивен“ -
Вицепемиерот Шимшек истакна дека за бескаматниот финансиски сектор интерес покажале и големите светски центри, како што се Лондон, Дубаи, Хонг Конг и Луксембург.
„Интересот е голем. Покрај овие светски центри, во последно време се појавуваат Австралија, Јужна Кореја, Филипините и Азербејџан, како земји што покажуваат интерес за овој пазар. Во рамките на проектот ‘Патот на свилата’, со цел да се развие соработката со муслиманските земји и да се овозможат инвестиции во различни инфраструктурни цели, Кина користи различни исламски финансиски производи. Значаен дел за Обединетите нации се исламските финансии во спроведувањето на нивните проекти“, рече вицепремиерот на Турција, Шимшек.