Behlül Çetinkaya
29 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу по повод Меѓународниот ден на солидарноста со палестинските народи изјави дека Турција секогаш ќе стои покрај Палестинците, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на својот профил на социјалната мрежа Твитер, Чавушоглу нагласи: „Палестина никогаш нема да биде сама! Ние секогаш ќе стоиме покрај нашите палестински браќа и сестри кои се борат за нивната кауза.“