Enes Kaplan
28 Ноември 2021•Ажурирај: 29 Ноември 2021
АШХАБАТ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по 15. Самит на Организацијата за економска соработка (ЕКО) во Ашхабат, Туркменистан, оствари средби со лидерите на земјите учеснички, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот претседател се сретна со таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон. На состанокот присуствуваа и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и турскиот министер за трговија Мехмет Муш. Подоцна, Ердоган оствари средба и со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.
Ердоган на маргините на 15. Самит на ЕКО, оствари средба и со пакистанскиот претседател Ариф Алви.
Претходно, турскиот претседател Ердоган во своето обраќање на Самитот на Организацијата за економска соработка изјави дека регионалната и меѓународната соработка се од големо значење кога станува збор за борбата против тероризмот и дека не треба да се прави разлика меѓу терористичките организации.
Организацијата за економска соработка или ЕКО е азиска политичка и економска меѓувладина организација што е формирана во 1985 година во Техеран од лидерите на Турција, Иран и Пакистан. ЕКО има десет земји членки и една земја набљудувач. Земји членки се Турција, Иран, Пакистан, Авганистан, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Таџикистан и Туркменистан.