Турција

Турција: Во февруари зададени тешки удари на терористите на ДЕАШ

Во акција на Одделот за разузнавачки работи и борба против тероризмот, во Јалова е уапсен А. Ј., кој го координирал движењето на терористите од Европа во Турција и обратно, како и А. Г, кој бил во контакт со споменатото лице

Volkan Kaşik  | 04.03.2021 - Обновена : 05.03.2021
Турција: Во февруари зададени тешки удари на терористите на ДЕАШ

МАЛАТЈА (АА) - ВОЛКАН КАШИК -

Турските сили кои ја продолжија одлучната борба против терористите на ДЕАШ, со акции извршени во февруари во Турција, на терористите им зададоа тешки удари и ги спречија во намерата да извршат напади.

Безбедносните сили организираа низа акции и ги спречија нападите во неколку турски градови, меѓу кои Истанбул, Анкара и Адана.

Податоците до кои дојде Агенција Анадолија (АА) покажуваат дека припадниците на безбедносните сили привеле 165 осомничени лица, меѓу нив и атентатори и т.н. помошник на лицата надлежни за обука. Исто така, запленето е поголемо количество документи, оружје и муниција. Во притвор се задржани 55 лица. Дел од осомничените се депортирани, а процесуираните на останатите и понатаму трае.

Воедно, во операцијата во Јалова е фатен терорист кој се товари дека е атентатор.

Во акција на Одделот за разузнавачки работи и борба против тероризмот, во Јалова е уапсен А. Ј., кој го координирал движењето на терористите од Европа во Турција и обратно, како и А. Г, кој бил во контакт со споменатото лице. Во таа акција запленето е и поголемо количество фалсификувани документи, електронски уреди и дигитален материјал.

Исто така во Сакарја е фатен терорист со потекло од Јордан, за кого се верува дека бил заменик на т.н. министер за обука.

Споменатиот терорист се товари дека од 2014 до 2017 година престојувал на боиштата во Ирак и Сирија и дека учествувал во обучувањето на другите припадници на терористичката организација ДЕАШ.

Во Мерсин од слобода е лишен терорист на ДЕАШ кој се товари дека бил надлежен за финансиски работи во организацијата.

Во соопштението на жандармеријата во Мерсин се наведува дека споменатиот терорист водел активности кои се однесуваат на финансирање на организацијата на подрачјето на Рака, во Сирија.

Во акцијата е запленет мобилен телефон и дигитален материјал.

Уапсени се и шест странци, петмина руски државјани и еден на Либија, кои се обиделе по илегален пат преку Сирија да влезат во Турција. Меѓу фатените се наоѓа и Русинка по која била распишана црвена потерница.

Во притвор се задржани државјани на Русија и Либија, кои се товарат за членство во терористичката организација, додека останатите се депортирани.

Во Анкара е приведена и Сарах Талиб, терористка со потекло од Франција, која се наоѓала на црвената потерница на Интерпол.

Министерството за одбрана соопшти дека од слобода се лишени три лица, со потекло од Нов Зеланд, меѓу кои 26-годишна жена С. А., која се наоѓала на сината потерница.

Во Килис е уапсен С. А., државјанин на Казахстан, кој се обидел по илегален пат преку Сирија да влезе во Турција, а за кого била распишана црвена потерница.

Во останатите акции спроведени во Анкара, Сакарја, Хатај, Самсун, Карабук, Шанлиурфа, Кастамону, Кахраманмараш, Истанбул, Адана, Малатја, Афјонкарахисар, Невшехир, Маниса, Кајсери, Коџаели и Адијаман, уапсени се десетици осомничени, а меѓу нив и лица поврзани со терористичката организација ФЕТО.

Судовите во Турција изрекоа и затворски казни за неколку терористи на ДЕАШ. Меѓу нив е Халис Бајанчук, со кодното име „Ебу Ханзала“, т.н. водач на ДЕАШ, кој поради основањето на вооружена терористичка група и нејзиното водење е осуден на 12 години и 6 месеци затвор.

Во рамките на истрагата против Ц. Б., Судот во Адана изрече затворска казна од 2 години, 4 месеци и 3 дена поради членство во терористичката организација и величење на терористите.

Во рамките на предметот за кој е задолжен судот во Истанбул, започната е постапка против Ирфан Ј. и Ахмет Т., кои се товарат дека во име на терористичката организација на подрачјето на Сирија го усмртиле Мухамед ес Сами. Побарана е и двократна доживотна затворска казна по строги услови.

Судот во Аадана за Х. К., поради членство во терористичката организација, изрече затворска казна од 3 години, 1 месец и 15 дена.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.