Турција

Турција: Фатени тројца припадници на ФЕТО при обид да избегаат во Грција

Припадниците на ФЕТО користеле лажни идентитети додека се обидувале да побегнат во Грција

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 04.03.2021 - Обновена : 05.03.2021
Турција: Фатени тројца припадници на ФЕТО при обид да избегаат во Грција

ЕДРЕНЕ (АА) - Најмалку тројца припадници на терористичката организација ФЕТО кои се обиделе да побегнат во Грција беа фатени долж границата на северозападна Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Осомничените идентификувани со иницијалите Х.Б, Г.Г. и Х.Б се приведени од страна на антитерористичките полициски тимови во Едрене, соопшти изворот кој зборуваше под услов на анонимност.

Тие користеле лажни идентитети додека се обидувале да побегнат во Грција.

На осомничените потоа им е одреден притвор.

ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а повредени беа речиси 2.200 лица.

Терористичката организација ФЕТО стои и зад долгогодишната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на свои поданици во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın