Mümin Altaş
13 Мај 2021•Ажурирај: 14 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Турција, Фахретин Алтун, ги осуди нападите на израелските сили врз екипите на Агенција Анадолија (АА) и Радио-телевизијата на Турција (TRT).
По нападите врз екипите на АА, израелските сили извршија воздушен напад и врз канцеларијата на каналот ТРТ Араби во Газа, за што Алтун преку Твитер истакна дека Израел уште еднаш покажал дека не почитува никаква вредност.
Тој порача дека Израел во Палестина врши злосторство врз човештвото и дека ги зема за цел новинарите кои објективно известуваат за случаите на израелската окупаторска политика и терористичките активности.
„Израел кој по АА изврши воздушен напад и врз канцеларијата на ТРТ Араби во Газа, уште еднаш покажа дека не почитува никаква вредност. Го осудуваме израелскиот државен терор. Ќе работиме со сите сили за да придонесеме на тоа Израел да полага сметка за сите злосторства кои ги има сторено“, порача Алтун.