Tuğrul Çam
07 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека Турција, поддржувајќи го територијалниот интегритет на Сирија, го чисти регионот од терористите со цел стабилност и безбедност на Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Од почетокот на кризата во Сирија ние го поддржувавме територијалниот интегритет на оваа земја, ќе продолжиме да го поддржуваме и понатаму“, напиша Чавушоглу на својот твитер-профил во врска со Сирија и додаде:
„Расчистувајќи го регионот од терористи, посветени сме на обезбедување на стабилноста и безбедноста на нашата земја. Ќе придонесеме за спокојот, мирот и стабилноста на Сирија.“