Burak Bir
07 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Портпаролот на Претседателството на Турција, Калин Ибрахим, во врска со потенцијалната операција на Турција во северна Сирија изјави дека Турција нема замисли за територијата на која било земја, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како дел од сирискиот територијален интегритет, планот за безбедносната зона има две цели, да се обезбедат границите со елиминирање на терористичките елементи и да се обезбеди безбедно враќање на бегалците“, напиша Калин на социјалната мрежа Твитер.
„Турција е силна и посветена“, додаде тој.
Шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, на Твитер утринава напиша дека борбата на Турција против тероризмот продолжува во и надвор од нејзините граници.
„Главниот елемент на оваа борба е стратегијата за целосно искоренување на тероризмот и неговиот извор, а борбата на Турција ќе продолжи сè додека не се воспостави целосен мир“, додаде тој.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и голем број деца и жени.