Zafer Fatih Beyaz
06 Октомври 2019•Ажурирај: 07 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган оствари телефонски разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Одделот за комуникација при турското Претседателство, Ердоган и Трамп разменија мислења за билатерални прашања, како и за безбедносната зона која е планирано да се формира во источниот дел на Еуфрат.
Ердоган во телефонскиот разговор со Трамп нагласи дека безбедносната зона е потребна за елиминирање на терористичката закана предизвикана од терористичката организација ПКК/ЈПГ, како и за формирање на условите кои ќе го овозможат враќањето на сириските бегалци во нивната земја.
Во телефонскиот разговор меѓу Ердоган и Трамп беше нагласено дека Турција, која е решителна да ја продолжи борбата против терористичката организација ДЕАШ во Сирија, ќе ги преземе мерки со цел уште еднаш да не се случи ваков проблем во регионот.
Исто така, во разговорот со Трамп била споделена вознемиреноста од тоа што воената и безбедносната бирократија на САД не ги исполнила обврските од договорот постигнат меѓу двете земји.
На покана на Трамп, двајцата лидери донесоа одлука наредниот месец да се одржи состанок во Вашингтон.