Fatih Hafız Mehmet
08 Март 2018•Ажурирај: 09 Март 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека на терористите не треба да им се дозволи да се чувствуваат безбедни во Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи во Виена, на заедничката прес-конференција со неговата австриска колешка Карин Кнајсл, за време на неговата официјална посета на земјата, Мевлут Чавушоглу изјави дека европските земји не треба да претставуваат безбедни места за терористите.
„Сметаме дека терористичките организации во Европа не треба да се чувствуваат како да се во рај и дека терористите треба секаде да имаат ист третман“, изјави Чавушоглу.
Чавушоглу рече дека терористите на ПКК во Европа можат да собираат пари преку изнудување или добротворни цели, како и преку криумчарење оружје и дрога.
Одговарајќи на прашањето коешто се однесуваше на операцијата „Маслинова гранка“, Чавушоглу изјави дека по завршувањето на операцијата, во областа ќе завладее стабилност и цивилите ќе можат да се вратат во своите домови.
Операцијата во Африн започна на 20 јануари со цел расчистување на ЈПГ/ПКК и терористите на ДЕАШ од Африн.
Кнајсл, од своја страна, му се заблагодари на Чавушоглу за укинувањето на ветото на Турција за акредитација на цивилите на позиции во НАТО, за коешто рече дека ја олеснило акредитацијата на австрискиот претставник на НАТО во Брисел.