Satuk Buğra Kutlugün
24 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, доцна синоќа имаше телефонски разговор со потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс за безвизниот режим на турските граѓани во рамките на Шенгенската зона, јавува Anadolu Agency (AA).
Според турски дипломатски извори, кои сакаа да останат анонимни, двајцата функционери разговарале и за начинот на имплементирање на договорот помеѓу ЕУ-Турција за бегалците.
Договоорот ЕУ-Турција има за цел да ги спречи илегалните миграции преку Егејското Море со преземање постоги мерки против криумчарите на луѓе и подобрување на условите на сириските бегалци во Турција.
Тие, исто така, го договорија забрзувањето на пристапувањето на Турција во ЕУ и безвиниот режим за турските државјани во рамките на Шенген зената под услов Анкара да ги исполни 72-те услови одредени од страна на ЕУ.
Анкара го исполни најголемиот дел од условите, но барањата на ЕУ за промена на турскиот закон за антитероризам доведе до пауза во разговорите.
Чавушоглу и Тимерманс договориле средба во Анталија или Анкара во периодот меѓу 27-29 мај, во рамките на „Состанокот за ревизија на акционите планови на најмалку развиените земји”.