Hanife Sevinç,Andaç Hongur
23 Мај 2016•Ажурирај: 24 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и германската канцеларка Ангела Меркел постигнаа согласност за одржување на дополнителни консултации со претставници на Европската унија, кои во рамките на воведувањето на визна либерализација дополнително да се анализираат чувствителноста и приоритетите на прашањата за борбата против тероризмот во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во Истанбул се одржува првиот Светски хуманитарен самитот, а на маргините на настанот домаќинот на Самитот, турскиот претседател Ердоган, одржа серија билатерални средби, меѓу кои оствари средба и со германската канцеларка Ангела Меркел.
На средбата со германската канцеларка Меркел, Ердоган постигна согласност со надлежните институции на Европската унија да се одржат дополнителни консултации за процесот на најавената визна либерализација за турските граѓани во земјите од Шенген зоната, а на кои конкретно би се анализирало значењето и чувствителноста на борбата против тероризмот во Турција.
Согласност постигнаа и за потребата од интензивирање на соработката за решавање на бегалската криза за која сметаат дека може да биде понатамошно влошена поради ситуацијата во Алепо и новите напади на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Меркел и Ердоган констатираа дека договорот меѓу Турција и Европската унија и нивниот акционен план веќе почна да вродува со плод и дека веќе значително е намален бранот на илегалните миграции.
Претходно претседателот Ердоган оствари средба и со генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.
Првиот човек на ОН, Бан, на Ердоган му се заблагодари за тоа што Самитот е организиран во Истанбул и дека Истанбул е домаќин на досега најголемиот самит што се има одржано под покровителство на ОН и надвор од Њујорк.
Војната во Сирија, борбата против тероризмот, бегалска криза и Акциониот план на Турција и Европската унија, беа главните теми на билатералните средби на Ердоган на маргините на Самитот во Истанбул.
Турскиот претседател ја потврди потребата од воспоставување безбедна зона во Сирија која ќе биде исчистена од терористички елементи и ќе биде прибежиште на загрозениот сириски народ, а генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун истакна дека потребно е да се преземат дополнителни чекори за воспоставување на прекин на огнот во Сирија со цел на процесот на преговори во Женева да му се даде шанса за успех.
Борбата против тероризмот соговорниците ја оцени исклучително нужна, а Ердоган рече дека Турција е најмногу погодена од тероризмот на ДАЕШ во Сирија и дека Турција никогаш нема да се откаже од борбата против сите терористички организации кои се закануваат на безбедноста на луѓето, нивните имоти и државата.