Sarp Özer,Tuğrul Çam
31 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, за време на својот престој во САД се состана со американскиот државен секретар Џон Кери, јавува Anadolu Agency
Ердоган денес го прими Кери во резиденцијата на амбасадата на Република Турција во Вашингтон.
Состанокот се одржа зад затворени врати и траеше околу 45 минути.
На состанокот присуствуваше и министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу како и помошникот американски државен секретар Викторија Нуланд.