Ayşe Yıldız
08 Април 2017•Ажурирај: 09 Април 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, изјави дека интервенцијата на САД во Сирија треба да се продолжи и дека во оваа земја треба што поскоро да се формира преодна влада, јавува Andolu Agency (AA).
Чавушоглу денеска престојува во јужниот турски град Анталија, а за време на посетата го коментираше ракетирањето на САД врз воздухопловна база на режимот на Асад во Хомс.
Тој посочи дека рекетирањето врз воздухопловната база во Хомс не треба да значи крај на интервенцијата на САД во Сирија. Како што рече, неопходно е да се отстрани сегашниот режим во оваа земја.
„Тоа не треба да биде во смисла 'ние интервениравме и сега застануваме'. Најидеално е политичко решение. Во Сирија е неопходно што поскоро да се формира преодна влада", рече Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија нагласи дека се надева дека во Сирија ќе се воспостави стабилност и мир, и дека неговата земја ќе игра значајна улога во обновата на Сирија.
„Целиот свет почна да го разбира она што ние всушност сакавме да го кажеме преку нашите напори за воспоставување на безбедносна зона во Сирија", рече турскиот министер Чавушоглу.