Ferdi Türkten
08 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
АНКАРА (AA) - Турскиот премиер Бинали Јилдирим оствари телефонски разговор со заменик претседателот на САД, Мајк Пенс, јавува Anadolu Agency (AA).
Јилдирим во разговорот со Пенс се осврнал на вчерашниот напад на војската на САД на воздухопловната база на режимот на Асад во сирискиот град Хомс.
Турскиот премиер истакна дека САД со овој напад одговори на злосторството кое сирискиот режим го извврши со хемиско оружје во Идлиб. Како што рече, САД направи чекор со кој всушност е пренесено и тоа што е човечка свест и чувство на комплетната светска јавност.
На заменикот Пенс, Јилдирим му пренесе дека Турција од САД очекува во однос на прашањето за Сирија да биде уште поупорнa, и дека на тој пат ќе ја има секоја поддршка од неговата земја.
Во контекст на случувањата и со оглед на можноста од новиот бран бегалци од Сирија, Јилдирим додаде дека е потребно да се фокусираат и на опцијата на формирање безбедносна зона во оваа земја.
Пенс се заблагодари на поддршката која Турција ја пружа на неговата земја, како и дека САД ги смета за важни дијалогот и соработката со Турција.
Како што истакна, желбата на САД е во наредиот период да биде уште поцврста соработката во решавањето на проблемите во Сирија.