Турција

Чавушоглу: „Не сме песимисти за Либија“

„Не сме песимисти. Факт е дека Хафтар не сака мир. Тој сака воено решение, а не политички процес“, истакна турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу

Ömer Tuğrul Çam, Nazlı Yüzbaşıoğlu  | 15.01.2020 - Обновена : 16.01.2020
Чавушоглу: „Не сме песимисти за Либија“

АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакнувајќи дека лидерот на нелегалните вооружени сили во Либија, Калифа Хафтар, сака воено решение наместо политички процес за решавање на проблемот во земјата, рече: „Не сме песимисти, но факт е дека Хафтар не сака мир“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Министерот Чавушоглу се обрати на панел-дискусијата на тема „Турската надворешна политика во контекст на глобалната неизвесност“, организирана од страна на Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања (SETA).

Чавушоглу, одговарајќи на прашањето за состојбата во Либија, напуштањето на преговорите од страна на Калифа Хафтар во Москва го оцени како „разочарување“, и додаде:

„Тој ден видов дека е разочарување за нашите руски пријатели. Тие дадоа сѐ од себе. И уште даваат сѐ од себе. Сега од изјавите на руската страна дознаваме дека сакаат уште два дена. Се надевам дека пред Берлинскиот [самит] ќе се потпише заеднички договор, и дека во Берлин ќе одиме со надежи дека таму ќе се постигнат конкретни резултати, постојан прекин на огнот, и дека ќе се премине на политички процес. Всушност, не сме песимисти, но факт е дека Хафтар не сака мир. Тој, исто како и сирискиот режим, не сака политички процес, туку воено решение.“

„Доколку се случат улични судири во Триполи, може да траат со години“, рече Чавушоглу, додавајќи дека може да има голем број загинати и дека Либија може да се подели.

Министерот Чавушоглу, одговарајќи на прашањата за состојбата во Илдиб, рече дека настаните во Идлиб влијаат на безбедноста на Турција и дека има 400 илјади раселени лица.

Тој исто така рече дека разговараат со Русија за враќање на раселените лица. Потенцирајќи дека голем дел од тие 400 илјади бегалци се засолниле во близина на границата со Турција, Чавушоглу додаде дека Турција прави подготовки, но дека можно е тоа да не биде доволно.

Нагласувајќи дека на Турција не ѝ се помогна во однос на Сиријците, Чавушоглу рече дека за решавање на проблемите во Идлиб потребно е да има поддршка од меѓународната заедница.

„Ние ќе ги преземеме неопходните чекори доколку постои ризик за нашата безбедност. Ова не е закана за режимот. Од самиот почеток, го браневме територијалниот интегритет на Сирија. Тоа не го кажуваме само за нешто да кажеме. Ние навистина сме за интегритетот на границата. Оваа земја е на сирискиот народ. Ако има некоја закана за нас, ќе треба да ги преземеме неопходните мерки. Тоа е пораката што сакаше да ја каже нашиот претседател“, нагласи Чавушоглу.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın