Burak Bir
03 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, ја нагласи потребата за да се продолжи борбата против идеологиите кои го злоупотребуваат исламот, осудувајќи го терористичкиот напад што се случи во Виена, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Особено треба да ја продолжиме нашата борба за да ги уништиме идеологиите кои го злоупотребуваат исламот, нашата религија на мирот“, изјави Чавушоглу на прес-конференцијата во турскиот главен град Анкара.
Чавушоглу ги пофали Реџеп Таип Ѓултекин и Микаил Озер, двајцата турски државјани кои ги ризикуваа своите животи влегувајќи во линијата на огнот за да им помогнат на ранетите цивили.
„Нашите двајца браќа го направија она што еден човек, муслиман и Турчин, би требало да го направи“, изјави Чавушоглу.
Тој рече дека ниту еден терористички напад не треба да се оправда и дека Турција е подготвена за тесна и искрена соработка против сите пристапи што предизвикуваат тероризам.
„Најмалку три лица загинаа, од кои еден полициски службеник, а 15 лица се повредени во терористичкиот напад што синоќа се случи во Виена“, потврдуваат властите.
Седум од повредените се во критична состојба.
Највисоките турски официјални лица изразија солидарност со Австрија по нападот.