Ahmet Gençtürk
03 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
АЛАНИЈА (АА) - Вкупно 37 патници се спасени од брод кој потона во турскиот медитерански град Аланија, соопшти Командата на Турската крајбрежна стража, јавува Агенција Анадолија (АА).
Од туристичкиот брод кој потона извлечено е едно тело.
Градоначалникот на Аланија, Адем Мурат Јуџел за новинарите изјави дека жртвата е 37-годишен странски државјанин, кој не успеал да се спаси бидејќи се наоѓал во многу тесен простор.
Пловилото потона 50-100 метри од брегот, а сè уште не е позната причината за бродоломот.
Спасувачките тимови на Турската крајбрежна стража пристигнаа на местото на несреќата.