ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес ја истакна важноста на преговорите засновани на суверена еднаквост за решавање на кипарското прашање, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Потребни се преговори врз основа на суверена еднаквост со цел решавање на кипарското прашање, „ако постои суверена еднаквост, тогаш може да има две држави“, рече Чавушоглу на заедничката прес-конференција со претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК) Ерсин Татар во Лефкоса.
Истакнувајќи ги напорите на Обединетите нации (ОН) по предлогот на Турција за неформален состанок 5 + 1, Чавушоглу додаде: „Затоа што преговорите што ги водевме во Кран Монтана [преговорите во 2017 година] за федерација не успеаја“.
Тој рече дека за време на состаноците во Кран Монтана, и Турција и Турската Република Северен Кипар нагласија дека тоа се „последните преговори за федерација, ние нема да преговараме за федерацијата во следниот период“.
Чавушоглу истакна дека потрагата по решение за кипарското прашање веќе 52 години е неуспешна поради односот на страната на кипарските Грци, која „не сака да дели ништо со кипарските Турци и со Турската Република Северен Кипар“.
„На островот Кипар веќе има две заедници, два народа, две држави“, додаде тој.
„Значи, постои де факто ситуација без оглед дали тие ја признаваат или не. Тоа треба да се официјализира“.
Фрлајќи акцент на преговорите преку дипломатијата за трајно решение за островот, Чавушоглу рече: „Бидејќи за време на разговорите преговаравме за нешто друго, не дојдовме до заклучок“.
Минатиот месец, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека има намера да свика состанок со двете страни од Кипар на почетокот на март.
„Состанокот би бил неформален без предуслови со цел да им се овозможи на страните да видат дека има промена во администрацијата на Северен Кипар“, рече Гутереш во текот на неговата прва прес-конференција во 2021 година.
- Источен Медитеран -
За тензиите во Источниот Медитеран, Чавушоглу рече дека половина од прашањето ќе биде решено ако можат да изнајдат решение за поделба на природните ресурси на Кипар.
Турскиот министер додаде дека страната на кипарските Грци не сака да ги подели ресурсите на јаглеводороди во регионот.
Тој потсети дека Турција ѝ предложи на ЕУ мултилатерална конференција за Источниот Медитеран.
„Сите медитерански држави може да учествуваат. Има дури и компании кои работат во Медитеранот, треба да земат учество и тие земји и тие компании“, рече Чавушоглу.
Тој истакна дека на состанокот треба да присуствуваат двете страни или на посебна платформа. „Со други зборови, или учествуваат двете страни или ниту една од нив“.
Рече дека Турција претпочита „двете страни да учествуваат и да најдат решение за правично поделба“.
Од своја страна, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Ерсин Татар, рече дека позицијата на Турција за 100 процентна согласност со ТРСК за кипарското прашање им дава сила.
„Продолжуваат активностите за неформалната конференција за Кипар, што ќе се организира под раководство на ОН во март“, додаде Татар.
Вчера, Чавушоглу се состана со властите на кипарските Турци како дел од дводневната посета.
Тој прво беше примен од претседателот на Парламентот на ТРСК, Ондер Сенароглу, а подоцна и од премиерот Ерсан Санер со кои е разговарано за прашања од заедничката агенда, особено за кипарското прашање.
Островот Кипар е поделен на ТРСК на север и администрацијата на кипарските Грци на југ од 1974 година, кога беше изведен државн удар од страна на кипарските Грци за грчка анексија на островот и беше проследен со насилство врз Турците кои живеат на островот, што повлече интервенција на Анкара како земја-гарант.
Во последните години имаше мировен процес и неуспешна иницијатива во 2017 година во Швајцарија под покровителство на земјите гаранти Турција, Грција и Велика Британија. ТРСК е основана во 1983 година.
Турција неодамна нагласи дека обидите за федерација како решение за поделениот остров Кипар се покажаа безнадежни и дека сите идни разговори мора да се фокусираат на постоење две одделни, суверени држави на островот.
news_share_descriptionsubscription_contact
