Orhan Onur Gemici
03 Февруари 2021•Ажурирај: 04 Февруари 2021
АНКАРА
Во турската област Сакарја е фатен терористот со потекло од Јордан кој е таканаречен „заменик министер за образование“ на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за внатрешни работи на Турција.
Во координација на Дирекцијата за разузнавање и Дирекцијата за борба против тероризмот при Генералната полициска дирекција е спроведена операција против терористичката организација ДЕАШ.
Во овие рамки, откриено е дека припадникот на ДЕАШ, А.З.А.А.Д, со потекло од Јордан се наоѓа во турската област Сакарја.
Терористот е приведен ви рамки на една операција, а откриено е дека во периодот од 2014 до 2017 година дејствувал како таканаречен „заменик министер за образование“ на оваа терористичка организација задолжен за сите образовни установи во зоните кои ги имала под контрола во Ирак и Сирија.
Се истакнува дека овој терорист на брутален начин масакрирал лица кои ги држеле како заложници и дека снимките на овие акти ги споделиле на социјални мрежи со цел пропаганда на организацијата.
По процедурите во полициската страница, терористот е пренесен на суд, каде и е притворен.