Fatih Hafız Mehmet
02 Септември 2019•Ажурирај: 03 Септември 2019
БЛЕД (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес на 14. Бледски стратешки форум изјави дека соработката со една земја во одредена област не значи оддалечување од другите земји или меѓународни организации, јавува Anadolu Agency (AA).
„Соработката со една земја не значи оддалечување од другите земји“, рече Чавушоглу, коментирајќи ги односите на Турција со Русија и со земјите од Европската Унија (ЕУ).
На панелот за мултикултурализмот, Чавушоглу исто така рече дека светот не успеа да го реши проблемот со нерегуларните миграции.
Нагласувајќи дека проблемот со миграциите мора да се решава во коренот и причините, Чавушоглу рече дека земјите што се извор на мигранти не добиле адекватна помош од остатокот на светот.
„Во светот има околу 70 милиони раселени луѓе. Тоа е повеќе отколку што имаше за време на Втората светска војна“, рече Чавушоглу.
Тој понатаму истакна дека Турција е транзитна земја за непријавените мигранти кои патуваат кон Европа.
„Турција потроши 37 милијарди долари од државниот буџет за потребите на мигрантите, а од меѓународната заедница примивме помалку од една милијарда долари, со додатокот што го даде Европската Унија“, рече Чавушоглу.
Во Турција се згрижени околу 3,6 милиони бегалци од Сирија, каде што од 2011 година владее граѓанска војна.