Rıdvan Korkulutaş
21 Ноември 2016•Ажурирај: 22 Ноември 2016
КИЛИС (АА) - Претставникот на хуманитарната организација ИХХ, Килис Серкан Oктем изјави дека кризата со брашното во Сирија се зголемува во последниве години, а сѐ поголем е бројот на цивили на кои им е потребна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Октем рече дека во Сирија, земјата каде што војната трае веќе неколку години, забележително се зголемува кризата поради недостаток на леб и дека тој проблем се обидуваат да го решат со помош на донатори.
Според него, ИХХ секојдневно помага со донации на храна за бегалците кои се наоѓаат во камповите во Сирија, а потребно е постојано да се доставува помош.
Oктем потсети дека од претходно е започната акцијата за собирање брашно за сирискиот народ.
Од Турција, дневно, во бегалските кампови во Сирија се испраќаат 150.000 леба, но и оброци.
Oктем истакна дека недостатокот на леб може да влијае на неговата цена во Сирија.
Според него, еден леб во Сирија во моментов чини околу 0,70 евра, a порано чинел околу 0,30 евра.
„Цената на лебот секојдневно расте. Ние имаме намера со доставата на леб да ја намалиме цената на лебот“, рече Oктем.
Освен во Килис и во Рејханли, ИХХ има пекарници и во Сирија. Помошта во форма на леб ИХХ ја испорачува во подрачјето помеѓу Aзаз и Џарабулус, кои се наоѓаат спроти Килис и Идлиб, но и во камповите во областа Атимах, во близина на границата со Рејханли.