Mehmet Tosun,Sarp Özer
21 Ноември 2016•Ажурирај: 21 Ноември 2016
АНКАРА (АА) - Министерот за национална одбрана Фикри Ишик изјави: „НАТО не треба да даде позитивен одговор на барањата за азил во западните земји за офицерите, членовите на ФЕТО кои се на должност во НАТО. Неприфатлива е поинаква одлука за Турција“, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, Ишик остварил средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој допатува во Истанбул за да учествува на состанокот на 62. Генерално собрание на Парламентарната асемблеа на НАТО.
На средбата станало збор за барањето азил од страна на турските војници кои се на должност во НАТО. Во врска со тоа, министерот Ишик рекол: „НАТО не треба да даде позитивен одговор на барањата за азил во западните земји на офицерите, членовите на ФЕТО кои се на должност во НАТО. Неприфатлива е поинаква одлука за Турција. Мора да се сфати чувствителноста на Турција по ова прашање“. Тој побарал ова решение на Турција да биде пренесено до останатите западни соговорници.
Столтенберг изјави дека ја разбира чувствителноста на Турција: „Имав можност да ја видам сериозноста и опасноста на обидот за државен удар на 15 јули при мојата посета на турскиот Парламент, стојам покрај Турција“.
На средбата било разгледано и прашањето за учеството на Турција во рамките на НАТО за спречување на протокот на бегалци низ Егејското Море. Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг спомена дека ги пофалил турските војници за нивната успешна работа во спречувањето на протокот на бегалци низ Егејското Море.