Özkan Beyer
18 Јуни 2017•Ажурирај: 29 Јуни 2017
ГАЗИАНТЕП (АА) - Озкан Бејер - Употребата на бакар во индустријата, електрониката и во градежништвото е голема, а сѐ поголема е и побарувачката за него и во кулинарството, односно гастрономијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Бакарот е добар проводник на топлина поради што храната направена во бакарни садови е многу повкусна, сметаат експертите.
Садовите од бакар се сѐ позастапени во гастрономијата на турскиот град Газиантеп, кој се наоѓа во „Мрежата на креативни градови“ на УНЕСКО.
Батал Јилдирим, претседател на Здружението на гастрономи и готвачи на Газиантеп, за АА рече дека богатството на кујната во тој град произлегло од немаштијата.
Тој потсети дека на почетокот на 20. век, кога Франција и Италија го окупирале градот поради што локалното население речиси 11 месеци не можеше да добие помош, додаде дека во тој период, се измислени 50 видови на јадења од булгур, а 40 од домат.
„Бакарот е значаен дел на нашата култура. Во бакарни садови служиме јадење, но и го правиме во нив. Најзначајна карактеристика на бакарот е тоа што рамномерно ја спроведува топлината. Поради тоа, и јадењата што се прават во бакарни садови се повкусни“, смета Јилдирим, кој потсети дека температурата не се шири рамномерно во тефлонските тави.
Тој додаде дека бакарните садови се користат и при послужување.
„Замислете јадењето да го послужувате во бел тањир од порцелан. А замислете украсен бакарен тањир. Дури и оние кои не ја подготвуваат храната во бакарни садови, во нив ја послужуваат", рече Јилдирим, кој додаде дека храната на тој начин побавно се лади.
Џелал Ачик, претседател на Комората на казанџии, истакна дека бакарот е еден од најздравите елементи на светот, и потсети на неговата употреба во минатото.
„Во луксузните ресторани во Турција се враќа бакарот. Храната се служи во бакарни садови“, рече Ачик кој смета дека презентацијата на јадењата во гастрономијата е исклучително важна.
Тој додаде дека при купување бакарот може да биде поскап, но потсети дека таквите садови може да се користат многу долго.