Osman URAS
18 Јуни 2017•Ажурирај: 19 Јуни 2017
МУГЛА (АА) - Екипите на турската крајбрежна стража во Бодрум, кој припаѓа на турската покраина Мугла, фатија 20 лица при обид илегално да ја преминат границата, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите за време на патролата го стопираа сомнителниот глисер јужно од островот Гореџек.
На пловилото со кое управувал турски државјанин, се наоѓале 19 мигранти од Сирија и еден од Пакистан, главно жени и деца.
Мигрантите, кои имале намера да стигнат до грчкиот остров Кос, се предадени на канцеларијата за странци во Бодрум.
Во оваа пригода беше приведено едно лице.