Jeyhun Aliyev
12 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
КАХРАМАНМАРАШ (АА) - Потпретседател на Турција, Фуат Октај денес изјави дека неговата земја никогаш нема да дозволи ’терористички гнезда‘ во близина на своите граници, јавува Anadolu Agency (AA).
„Безбедноста на нашите граници е наша гордост и ние никогаш нема да дозволиме таму да постојат терористички гнезда“, изјави Октај во јужната област Кахраманмараш.
Тој додаде дека терористите кои се обидуваат да ѝ постават закана на Турција за нејзините јужни граници, нема да бидат во можност да побегнат од „трагичниот крај“, кој ги чека.
„Турција се бори да ги елиминира терористичките организации и оние кои ги поддржуваат“, изјави тој.