Турција

Успешно завршени тестовите на автопилотот на АНКА III

- Завршувајќи го својот 46-ти лет како дел од тест-летовите за верификација на системот и идентификација, АНКА-III успешно ги завршил критичните тестови на автопилотот.

Tolga Yanık  | 08.12.2025 - Обновена : 09.12.2025
Успешно завршени тестовите на автопилотот на АНКА III

ИСТАНБУЛ (AA) - Успешно се завршени критичните тестови на автопилотот на беспилотното летало АНКА III, развиено од Турската Турска индустрија за воздухопловство и вселена (ТУСАШ), известува Анадолу.

Во соопштението што ТУСАШ го објави на својот профил на платформата NSosyal, АНКА-III надмина уште една важна пресвртница во својот процес на развој.

Завршувајќи го својот 46-ти лет како дел од тест-летовите за верификација на системот и идентификација, АНКА-III успешно ги завршил критичните тестови на автопилотот.

Со својата високотехнолошка архитектура и супериорни перформанси, АНКА-III ги презентира инженерските способности и производствената моќ на ТУСАШ.

На почетокот на 2025 година, АНКА-III од внатрешноста на трупот успешно ја исфрли наведуваната ракета ТОЛУН на AСЕЛСАН.

Во текот на оваа година, АНКА-III успешно ја погоди својата цел исфрлајќи ја LGK-82 (ласерски наведувана ракета) на AСЕЛСАН. Во друг тест, од под крилото на АНКА-III успешно е спроведен тестот на исфрлање на Супер Шимшек, напредно, турско беспилотно летало со млазен погон за таргетирање цели.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın