Турција, живот

Турчинка досега има собрано 1.200 видови семиња предавани од поколение на поколение

Нардане Кушчу, пензионирана учителка и претприемач, има за цел да ги предаде семињата на идните генерации со засадување на фарма од 120 декари во подрачјето на Кандира, во северозападната турска област Коџаели

Handan Kazancı  | 20.10.2020 - Обновена : 21.10.2020
Турчинка досега има собрано 1.200 видови семиња предавани од поколение на поколение Фото: Şahin Oktay AA

КОЏАЕЛИ (АА) - Турчинка која го има посветено својот живот на собирање семиња предавани од поколение на поколение, успеа да собере 1.200 видови во последните 60 години, јавува Агенција Анадолија (АА).

Нардане Кушчу, пензионирана учителка и претприемач, има за цел да ги предаде семињата на идните генерации со засадување на фарма од 120 декари во подрачјето на Кандира, во северозападната турска област Коџаели.

„Имаме активности како што се садење, работилници за правење сирење и леб и шетање низ овдешната природа“, изјави Кушчу за Агенција Анадолија.

„Покрај тоа, паралелно со ваквите активности, се подготвува и обука зависно од потребите на установата“, додаде таа.

За тоа како ја започнала својата повеќедецениска посветеност на собирањето семиња, Кушчу се присети на една анегдота во врска со нејзиниот татко и семките од лубеница.

„Татко ми рече дека толку многу ме разгалувал, што дури ги чистел и семките од лубеницата“, се потсети таа.

„Кога бев дете, велев дека ќе ги засадувам. Авантурата што започна така постепено се претвори во оваа страст“, додаде Кушчу.

Каде и да оди, планини или кое било село, Кушчу вели дека се среќава со стари баби кои обично чуваат и имаат разни семиња.

„Тие не би дале од семињата никому без да му погледнат во неговите очи“, објасни таа.

„Јас не давам исто така. Јас кога давам семе се чувствувам како да ја мажам ќерка ми.“

Според Кушчу, многу е важно, особено за децата, да научат како да садат и да го одржуваат тоа семе понатаму.

„Правото на храна е право на секое живо суштество. Мислам дека секој дом треба да има своја банка за семе“, рече таа.

„Мојата прва цел е оваа. Ако го постигнам ова, мирно ќе заминам во домот. Домот е од каде што дојдовме, кога велам дом.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın