Ercan Canbolat
16 Октомври 2017•Ажурирај: 16 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Министерството за надворешни работина Турција ја предупреди денес Регионалната курдска управа во северен Ирак во врска со присуството на елементите на терористичката организација ПКК на подрачјето на Киркук, каде што доцна синоќа ирачката војска започна воена операција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Го повторуваме предупредувањето кон Регионалната курдска управа во северен Ирак меѓу големиот број на катастрофални грешки сторени во последно време да не додава уште една нова. Турција ќе ги смета за одговорни сите оние кои го овозможуваат присуството на терористичката организација ПКК којашто на тоа подрачје го поткопува мирот и општествената благосостојба“, се сооштува од Министерството за надворешни работи на Турција.